6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрофитабилна професија: Ловец на грешки на Фејсбук

Профитабилна професија: Ловец на грешки на Фејсбук

facebookbug1

Фејсбук објави дека досега, во рамките на програмата „Bug Bounty“, со повеќе од милион долари ги наградил програмерите кои пронашле безбедносен проблем.

Фејсбук често беше осудуван за безбедноста, па затоа пред две години ја лансираше програмата „Bug Bounty“, со цел да покаже дека посветено работи на своето подобрување.

-Програмата „Bug Bounty“ досега беше повеќе од успешна, далеку од нашите очекувања. Со повеќе од еден милион долари ги наградивме истражувачите од целиот свет кои пронајдоа грешки во нашите производи и во нашата инфраструктура, се вели во службениот извештај на Фејсбук.

Интересни податоци:

– 329 лица добиле награда

– Најмладото лице кое е добитник на награда има 13 години

– Само 20 проценти од наградените се Американци

– Најголемата награда која ја добило едно лице изнесува 20.000 долари

– Најмалата исплатена награда изнесува 500 долари

– Пронаоѓачите на багови заработија повеќе од 100.000 долари

– Двајца наградени добија работа во безбедносниот тим на Фејсбук

– Земјите со најмногу наградени лица се САД, Индија, Велика Британија, Турција и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП