20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„SK Innovation“ инвестира над 26 милијарди долари во производство на батерии

„SK Innovation“ инвестира над 26 милијарди долари во производство на батерии

Јужнокорејскиот развивач на технологија „SK Innovation“ ќе инвестира 30 трилиони вони (26,5 милијарди американски долари) во бизнисот со батерии за електрични возила во следните пет години, објави „Nikkei Asia Review“, повикувајќи се на компанијата, која се обидува значително да го зголеми својот производствен капацитет по растечката глобална побарувачка.

Шестиот најголем производител на батерии за електрични автомобили во светот вели дека веќе има порачки од 130 милијарди вони.

„Се движиме од јаглеродна во зелена енергија и ќе станеме еколошка компанија за енергетика и материјали“, рече Ким Џун, извршен директор и претседател на Групацијата, за време на брифингот во Сеул.

Операциите со батерии на „SK Innovation“ претставува само 5% од приходите на компанијата од 34 трилиони вона во минатата година. Рафинирањето и дистрибуцијата на нафта генерира над 60% од нејзините приходи од продажба, додека петрохемиските производи придонесуваат со над 20% од истиот.

Сепак, „SK Innovation“ ги посочува батериите како мотор за нејзиниот раст. Компанијата потпиша долгорочни договори за снабдување со производители на автомобили како „Hyundai“, „Volkswagen“ и „Ford“.

Компанијата гради пет нови погони во САД, Европа и Кина. Таа има за цел да го зголеми својот производствен капацитет на 200 гигават часови (GWh) од 40 GWh моментално до 2025-та година.

Инвеститорот планира да го оддели својот бизнис со батерии и да го пушти на берза, собирајќи средства за проширување.

„Треба брзо да се вртиме за да не го пропуштиме најдоброто време за инвестирање“, рече Џи Донг-сеоп, шеф на бизнисот со батерии во „SK Innovation“.

Во мај, „Reuters“ објави дека „SK Innovation“ и американскиот производител на автомобили „Ford“ ќе формираат заедничко вложување за производство на батерии во Соединетите Држави за поддршка на напорите на американската влада за поддршка на електричната мобилност во земјата.

„SK Innovation“ држи само 5,2 проценти од глобалниот пазар на батерии за електрични возила во 2020-та година, според консултантската компанија „Techno Systems Research“. Лидер е кинеската компанија „Amperex Technology Ltd.“ (CATL), потоа следат јужнокорејската „LG Chem“ и јапонската „Panasonic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП