ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06 – 30.06.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.549.452.344 денари и е зголемен за 227,67 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 538.444.769 денари и е зголемено во однос на мај за 37,48 отсто кога изнесувало 391.653.595 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 478.038.439 денари и обврзници во вредност од 60.406.330 денари.

Блок трансакциите во јуни изнесувале 1.011.007.575 денари и се зголемени за 1144,77 отсто во однос на мај.

Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.411 и е намален за 7,35 отсто во однос на мај кога изнесувал 1.523.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се на Македонски Телеком АД Скопје, следи Комерцијална банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јуни 2021 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП