21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„H&M“ се враќа кон профит, но закрепнувањето е бавно

„H&M“ се враќа кон профит, но закрепнувањето е бавно

Шведската компанија „H&M“ се врати кон профитот во својот втор квартал, но растот на приходите забави по средината на јуни, потенцирајќи го тешкото закрепнување од пандемијата, бидејќи беа укинати ограничувањата, продавниците повторно ги отворија вратите.

Вториот по големина малопродажник на модни производи во светот објави повисок од очекуваниот профит за трите месеци до крајот на мај.

Продажбата од 1-ви до 28-ми јуни се зголеми на годишно ниво, но е за 4% пониска отколку пред пандемијата во 2019-та година.

Извршниот директор Хелена Хелмершон го припишува слабеењето во втората половина на месецот на комбинација на фактори, вклучувајќи ја тешката споредба со една година порано и 2019-та година, лошото време минатата недела во некои европски пазари, како и наметнати мерките за контрола на коронавирусот.

„Исто така, во јуни гледаме знаци на силно закрепнување, како и дека на клиентите им се допаѓаат нашите колекции“, рече таа.

Аналитичарите велат дека податоците сугерираат дека продажбата паднала за 9% во 2019-та година во последните две недели од јуни, а познатиот конкурент „Primark“ исто така рече дека сега тргувањето е особено нестабилно од недела во недела.

„Трговијата во последните недели истакна мешано закрепнување на побарувачката“, рече аналитичарот на „Jefferies“, Џејмс Грзиник.

Кварталниот профит пред оданочување достигна 3,59 милијарди круни (419 милиони американски долари) во споредба со загубата од 6,48 милијарди круни една година порано.

„Бидејќи се повеќе луѓе се вакцинираат и ограничувањата се олабавуваат, светот постепено се отвора и клиентите можат повторно да ги посетат нашите продавници“, вели Хелмерсон.

„Продажбата преку Интернет продолжува да расте многу добро, дури и кога продавниците се отворени“, рече таа.

„H&M“ соопшти дека 95 од своите 5.000 продавници ширум светот остануваат привремено затворени, за разлика од 1.300 на почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП