8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle: 10 најлоши идеи за лозинки

Google: 10 најлоши идеи за лозинки

pass1

Две илјади луѓе учествуваа во студијата на „Google“ која се занимава со лозинките на интернет и со нивото на сигурност кое тие го обезбедуваат.

Дел од студијата ја опфати и анализата на начинот на кој луѓето ги бираат своите лозинки, поврзувајќи ги добиените резултати со податоците за нападите на хакерите, пренесува магазинот „Time“.

Студијата покажала дека многумина за лозинки бираат познати поими и реални датуми кои се поврзуваат со некој настан. Тоа, според анализата на „Google“ е фатална грешка, а листата на „најлоши“ идеи за лозинки изгледа вака:

*Име на љубимецот

*Важен датум (нпр. Годината на венчавката)

*Датум на раѓање на некои од членовите во семејството

*Името на вашето дете

*Името на некој друг член од семејството

*Местото на вашето раѓање

*Омилен празник (датум или назив)

*Податок во врска со вашиот омилен спортски тим (името на клубот, датум на некој важен успех, име на некој играч…)

*Име на лубовниот партнер/партнерка

*Зборот „Password“ (лозинка)

Поголемиот дел од овие податоци може да се добие, на пример, со едноставен поглед на нечиј фејсбук профил, па пробивањето на ваквите лозинки е додатно олеснето. „Google“ советува дека и доколку се одлучите за типични безбедносни прашања („Името на првата учителка“, „Омилено место за одмор“), не би требало секогаш да давате точни одговори, бидејќи и тие би можеле да бидат лесно „разбиени“.

Студијата откри уште неколку прилично интересни, но и опасни навики кога се лозинките во прашање. Скоро секој втор испитаник (48 проценти) ги дели лозинките со други луѓе. Уште пошокантен е податокот дека дури три проценти од испитаниците ги пишуваат своите лозинки на хартија која ја чуваат покрај компјутерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП