24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на „Мајкрософт“ откриваат: Гејтс пцуе како кочијаш

Работниците на „Мајкрософт“ откриваат: Гејтс пцуе како кочијаш

Четворица вработени во „Мајкрософт“ го обвинија основачот Бил Гејтс дека е силеџија кој често ги угнетувал и говорел дека нивните идеи се глупави. Тие исто така тврдат дека Гејтс имал сексуални односи со работниците и новинарките.

Неговата репутација како шеф со „краток фитил“ го привлече вниманието на јавноста кратко откако го лансираше технолошкиот гигант „Мајкрософт“ во 1975 година со пријателот од детството Пол Ален.

Претставникот на милијардерот негира дека Бил ги малтретирал вработените.

Гејтс се најде во центарот на вниманието на јавноста откако тој и неговата сопруга Мелинда објавија дека се разведуваат во мај, а се појавија приказни за неговите наводни неверства и пријателства со осудениот педофил Џефри Епштајн.

Поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, кој сакаше да остане анонимен, рече дека на состаноците со Бил било сигурно дека ќе вика, па ги избегнувал кога можел.

Пцовки и викање

„Тоа е најглупавата идеја што некогаш сум ја слушнала“, а велат дека е и познат по пцуењето на своите вработени.

Гејтс наводно ги следел своите вработени и ги памтел нивните регистарски таблички.

Некои од вработените застанаа во негова одбрана, изјавувајќи дека тој им викал на сите подеднакво и дека ја ценат неговата искреност. Сепак, тие признаваат дека неговите методи не се најпријатни.

„Тој не знае да се шегува или да комуницира со луѓе“, рече еден поранешен директор, кој ги опиша состаноците со Гејтс како непријатни.

„Ако ви рече дека му се допаѓа вашата коса, не се обидува да флертува со вас. На него всушност му се допаѓа твојата коса “, рече тој.

„Што се однесува до социјалните интеракции, тој е само незгодно човечко суштество“, рече еден од вработените.

Марија Клејв, поранешна членка на управниот одбор на Мајкрософт, рече дека некој како Бил смета дека вообичаените правила на однесување не важат за него и го обвини дека не е отворен за сугестии за подобрување на меѓучовечките односи во компанијата.

Таа исто така рекла дека Гејтс се однесувал како да е најпаметната личност и не сака да ги слуша туѓите мислења.

Ако таа предложи идеја, тој само ќе ја покриеше со прашањето дали таа сака да ја уништи компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП