ПочетнаКОМПАНИИВолокоптер и ДБ Шенкер го објавија првиот нацрт за програмата Володрон

Волокоптер и ДБ Шенкер го објавија првиот нацрт за програмата Володрон

Штутгарт, 1 јули, 2021 година – Денес, пионерите на урбаната аеро-мобилност (urban air mobility – UAM), „Волокоптер“ (Volocopter), и глобалните предводници во областа на логистиката „ДБ Шенкер“ (DB Schenker), објавија дека успешно спроведоа заедничка статичка проверка на концепт (proof of concept – PoC) за земните операции на „Володрон“ (VoloDrone),  во изложбениот центар Месе Штутгарт (Messe Stuttgart).  Заедно, партнерите работат на првиот нацрт за земни операции на електрични товарни дронови во логистиката, со помош на Институтот за текови на материјали и логистика „Фраунхофер“ (Fraunhofer Institute for Material Flow and Logistics).

Статичната проверка на концепт ги тестираше начините на кои давателите на логистички услуги можат да управуваат со човечки ресурси, автоматизирани возила и „Володрон“ летала за да создадат ефикасен процес и безбедна околина за идните „Володрон“ операции. Нацртот што произлегува од овие резултати ќе биде прв од тој вид и ќе служи како основа за интегрирање на операциите на „Володрон“ во логистичките мрежи ширум светот, остварувајќи ги амбициите за автоматизација и одржливост на синџирите на набавки.

Погледнете го видеото од тестовите: Линк

Кристијан Бауер (Christian Bauer), Главен комерцијален директор на „Волокоптер“: „Со развојот на нацрт за операциите на „Володрон“, „Волокоптер“ предводи на патот кон следната димензија на транспортната логистика со опипливи и оперативни податоци како поддршка за тврдењата за нашата услуга. Соработката со „ДБ Шенкер“ покажува дека тие се одличен инвеститор, вреден партнер и помагач за нашите комерцијални „Володрон“ операции.“

Истражувачките тимови на „Волокоптер“, „ДБ Шенкер“ и Институтот „Фраунхофер ИМЛ“ ја симулираа интеграцијата на „Володрон“ во логистичка мрежа преку разгледување на земните процеси за кодирање на стоките, проценката на безбедноста на товарите и стоките, тестирањето на автоматизираната достава на дронот со автономни возила, и идентификацијата на други неопходни проверки на товарот пред летот. Потоа беа спроведени и тестирани процесите за транспорт и утовар на товарот на „Володрон“ за да се идентификуваат безбедни, стандардни процедури за земниот екипаж што го подготвува дронот за летање.

Ерик Вирсинг (Erik Wirsing), Глобален директор за иновации на „ДБ Шенкер“: „„Володрон“ отвора нови можности за индустријата на логистика и претставува клучен елемент на мапата на иновации и одржливост во логистиката на „ДБ Шенкер“. Водството на „Волокоптер“ во новата индустрија за урбана аеро-мобилност е највидливо во нивните практични решенија, приодот фокусиран на клиентите, и посветеноста на воспоставувањето на урбаната аеро-мобилност.“

Од почетокот на соработката во средината на 2019 година, „Волокоптер“ и „ДБ Шенкер“ ја развиваат можноста за комерцијална употреба на „Володрон“ и ја оценуваат оправданоста на транспортни услуги со дронови помеѓу бизнисите во областа на логистиката. „Володрон“, сестраниот товарен дрон за пренос на тешки товари на „Волокоптер“, работи на батерии, може да пренесе товар од 200 килограми на далечина до 40 километри, со помош на 18 ротори и мотори што го движат електричното летало за вертикално полетување и слетување (electric vertical take-off and landing – eVTOL). Ова УАМ решение за логистика за градски транспорт ќе функционира во рамките на екосистемот за урбана аеро-мобилност за градови на „Волокоптер“, вклучувајќи, исто така, и услуги за мобилност на патници („Волосити“ (VoloCity) и „Волоконект“ (VoloConnect)), потребната инфраструктура („Волопорт“ (VoloPort)), и дигиталната основа за координација и следење на сите операции во реално време („Волоајкју“ (VoloIQ)). Автоматизираните мобилни роботи за потребите на проверката на концепт ги обезбеди парнерот на „ДБ Шенкер“, „Гидеон брадрс“ (Gideon Brothers), компанија пионер во областа на автономната мобилна роботика.

По финализирањето, нацртот ќе им биде достапен на проектните партнери под услови уредени со договор за доверливост на информациите.

****

За ДБ Шенкер (DB Schenker)

Со околу 74.200 вработени на повеќе од 2.100 локации во повеќе од 130 држави, „ДБ Шенкер“ е еден од водечките обезбедувачи на логистички услуги во светот. Компанијата нуди услуги за копнен, авионски и океански транспорт, како и сеопфатни решенија за управување со логистиката и глобалните синџири за набавка на едно место.

www.dbschenker.com

Blog.dbschenker.com 

За „Волокоптер“ (Volocopter)

„Волокоптер“ го развива првиот одржлив и скалабилен бизнис за урбана аеро-мобилност на светот, со цел да воведе ефтини услуги на воздушно такси во мега-градовите во целиот свет. Со програмата „Волосити“ (VoloCity), компанијата го развива првото целосно електрично „eVTOL“ летало на светот за транспорт на патници на градски линии, безбедно и без бучава. „Волокоптер“ е предводник во соработката со партнери во управувањето со инфраструктурата, операциите и воздушниот сообраќај, на изградбата на екосистемот неопходен за „Оживотворување на урбаната аеро-мобилност“. „Волокоптер“, исто така, развива производи во областа на логистиката со употреба на моделот за транспорт на тежок товар – Володрон.

www.volocopter.com

За Институтот „Фраунхофер ИМЛ“

Институтот за текови на материјали и логистика „Фраунхофер ИМЛ“ (Fraunhofer Institute for Material Flow and Logistics) е водечка организација за истражување на интегрирани логистички решенија. Институтот работи во сите области на внатрешната и надворешната логистика. Во согласност со концептот на Институтот „Фраунхофер ИМЛ“, од една страна се развиваат решенија за проблемите за директна примена во деловните операции, но се спроведуваат и иницијални истражувања за период од две до пет години, а понекогаш и на подолг рок. Во моментов, во Институтот основан во 1981 година работат 315 научници и 250 докторанти и студенти, поддржани од нивните колеги во работилниците, лабораториите и одделенијата за услуги.