20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„GAP“ ќе ги затвори сите свои продавници во Велика Британија и Ирска

„GAP“ ќе ги затвори сите свои продавници во Велика Британија и Ирска

„GAP“ ќе ги затвори сите 81 продавница во Велика Британија и Ирска до крајот на септември и ќе оди целосно на Интернет, бидејќи брендот се прилагодува на промените во навиките за купување по пандемијата, пренесува „CNN“.

Американската модна компанија, која е сопственик на брендовите „Old Navy“ и „Banana Republic“, соопшти дека затворањето на трговските објекти ќе влијае на продавниците на компанијата. Таа додаде дека се планира и продажба на нејзините продажни места во Франција и Италија.

Измените следат по стратешкиот преглед на европскиот бизнис на компанијата, кој започна минатата година „со цел да се најдат нови, поекономични начини“ да им служат на клиентите во регионот, соопшти компанијата.

Во октомври, „GAP“ претстави тригодишен план за затворање на стотици продавници во Северна Америка, што е еквивалентно на скоро третина од нејзиниот малопродажен пазар. Како и нејзините конкуренти, компанијата мораше да се прилагоди на фокусот на трговијата преку Интернет, поради пандемијата на коронавирусот што претставуваше предизвика за физичките продавници и придонесе за банкрот на познати брендови како што се „Brooks Brothers“.

Денес, „GAP“ ја обвинува „пазарната динамика“ за одлуката за затворање на нејзините продавници во Велика Британија и Ирска, за која тврди дека ќе се случи во фази до крајот на септември. Таа одби да каже колку работни места ќе бидат засегнати.

„Внимателно поминуваме низ процес на консултации со нашиот европски тим и ќе им обезбедиме поддршка и помош, како и помош во транзицијата на нашите колеги додека се обидуваме да ги затвориме продавниците“, додаваат од компанијата.

Компанијата тврди дека преговара со „потенцијален партнер“ во Италија и преговара со „Hermione People and Brands“, филијала за малопродажба на „FIB Group“, за преземање на продавниците на „GAP“ во Франција.

„GAP“ ја отвори својата прва продавница во Лондон во 1987-ма година, правејќи го своето прво проширување надвор од САД. Во Ирска работи од 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП