20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа новиот „Volvo XC90“ на електрична енергија (ФОТО/ВИДЕО)

Како ќе изгледа новиот „Volvo XC90“ на електрична енергија (ФОТО/ВИДЕО)

„Volvo“ најави премин кон електрични модели, а новиот концепт „Recharge“ нуди увид во дизајнот и технологиите што ќе бидат усвоени од идните сериски автомобили на марката.

Стилски порадикално од сегашните „XC60“ и „XC90“, „Recharge“ се базира на „помалку, но подобра“ филозофија за дизајн. Целта е да се елиминираат „непотребните елементи“ од возилата на иднината, велат во шведскиот производител.

И покрај модернизираниот надворешен дизајн, деталите за дизајнот што можеме да ги видиме во сегашниот опсег се задржани – како што се „LED“ дневни светла во форма на „Т“ (т.н. чекан на Тор) и задни „LED“ светла.

Силуетата на концептот е малку пониска, така што автомобилот ја нема таа изразена „SUV“ линија што ги карактеризира денешните модели „XC“ на марката. Може да се каже дека каросеријата е нешто помеѓу „крос“ караван и класичен џип.

Како и многу концептни возила, дизајнерите и во овој случај малку фантазираа, па затоа „Volvo Recharge“ има задна врата што се отвора во спротивна насока од предната страна.

Исто така, отстранети се и централните столбови („Б“), па затоа е многу лесно да се влезе во пространата кабина.

Со 4 одделни седишта во стилот на удобни фотелји, ентериерот изгледа повеќе на некој салон отколку на автомобил.

Кокпитот е целосно дигитализиран во согласност со моменталните трендови, со огромен екран на таблетот на централната конзола и помал дисплеј на местото на таблата со инструменти.

„Volvo“ не ги откри спецификациите на овој електричен концепт, но се наведува дека автомобилот е базиран на нова механичка платформа дизајнирана специјално за електрични возила, за разлика од, да речеме, постојниот производствен „XC40 Recharge“ кој дели платформа со модели опремени со „SUS“ мотори.

Иако „Volvo Recharge“ е технички концепт, новиот „XC90“ се очекува да земе многу стилски елементи од ова возило.

Производителот претходно изјави дека сериската верзија ќе пристигне околу 2022-ра година, така што повеќе детали ќе бидат познати во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП