„HP“ го претстави „Pavilion Aero 13“, што е досега најлесниот потрошувачки лаптоп на компанијата. Уредот тежи помалку од еден килограм и е првиот лаптоп „Pavilion“ со 90% сооднос на екранот и телото.
Лаптопот има 13,3-инчен дисплеј, со 2,5K резолуција, сооднос 16:10, 400-битна осветленост и 100% покриеност на спектарот на бои „sRGB“. „Pavilion Aero 13“ има поддршка за „WiFi 6“, додека батеријата нуди до 10,5 часа работа со едно полнење.


