25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпојувањето на „Nvidia“ и „Arm“ доби поддршка од „Broadcom“ и други компании

Спојувањето на „Nvidia“ и „Arm“ доби поддршка од „Broadcom“ и други компании

Американскиот гигант за чипови „Broadcom“ ја изрази својата поддршка за аквизиција на британскиот дизајнер на чипови „Arm“ за 40 милијарди долари од „Nvidia“, откако другите компании ја изразија својата загриженост за договорот, пишува „CNBC“.

Договорот, објавен во септември минатата година, го разгледуваат регулаторите за монопол во САД, Европа, Кина и Велика Британија. Конкурентот „Qualcomm“ рече дека „Nvidia“ може да го ограничи снабдувањето со технологија на „Arm“ на своите конкуренти или да ги зголеми цените. „Google“ и „Microsoft“ изразија иста загриженост како регулаторите, пишува „Bloomberg“.

Но, Хок Тан, претседател и извршен директор на „Broadcom“, коментира дека неговата компанија ја поддржала зделката откако ги добила потребните гаранции.

„„Arm“ е клучен партнер на „Broadcom“ и пристапот до нејзината технологија е важен за нашиот сегашен и иден успех“, рече Тан. „„Broadcom“ ја поддржува предложената аквизиција на „Arm“ од страна на „Nvidia“, бидејќи „Nvidia“ ја увери индустријата дека ќе ги зголеми вкупните инвестиции во технологијата на „Arm“ и дека ќе продолжи да ја прави оваа технологија достапна за индустријата на фер, разумна и недискриминаторска основа“, додаде тој.

„„Nvidia“ ја истакна својата посветеност кон екосистемот „Arm“ што одговара на загриженоста на „Marvell“ за предложената трансакција“, рече Матвел Марфи, извршен директор на „Marvell“.

Тој рече дека „Marvell“ видел неколку придобивки од договорот, вклучително и „забрзување на мапите на патиштата за врвни процесори и дозволување поголема употреба на дизајни засновани на „Arm“ во индустријата“.

Рик Цаи, шеф на тајванскиот „MediaTek“, најголемиот развивач на мобилни чипови, на веб-страницата основана од „Nvidia“ и „Arm“ за промовирање на договорот напиша дека индустријата за чипови „ќе има корист од спојувањето на „Nvidia“ и „Arm““.

„Веруваме дека спојувањето ќе им овозможи на „MediaTek“ и другите играчи во индустријата да понудат поконкурентни и поразвиени производи на пазарот“, рече Цаи.

Во реткото заедничко интервју емитувано на 17-ти јуни, извршниот директор на „Nvidia“, Јенсен Хуанг и неговиот колега од „Arm“, Симон Сигерс, се обидоа да објаснат зошто треба да се одобри договорот. Тие се обидоа да одговорат на загриженоста дека „Arm“ ќе ја изгуби својата независност, како и прашања поврзани со контролата на извозот и дигиталниот суверенитет.

Сигерс тврди дека „Arm“ во моментов не успева да ја исполни побарувачката затоа што има ограничени ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП