1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAsus ќе го прави Nexus 10 Refresh, а не Samsung

Asus ќе го прави Nexus 10 Refresh, а не Samsung

asus1

Иако многумина го видоа „Samsung“ како фаворит за правење на моделот „Nexus 10 Refresh“, тоа сепак ќе биде „Asus“.

„Asus“ направи одлична работа кога станува збор за „Nexus 7“, па сега се очекува истото да го направи и со „Nexus 10“.

Иако „Nexus“ не беше баш најпопуларен таблет, и понатаму им нуди на корисниците одлични перформанси и дисплеј.

Меѓутоа, се поставува прашањето зошто „Samsung“ испадна од трката?

Можеби од „Asus“ на самиот крај дале подобра понуда, или „Google“ на овој начин сака да се ослободи од технолошкиот гигант.

Која и да е причината, новиот „Nexus 10 Refresh“ се очекува на крајот на годината и со слична цена.

Кога се перформансите во прашање, можеме да очекуваме резолуција 2560 х 1600 а процесорот најверојатно ќе биде „Qualcom“ – иако многумина очекуваат „Snapdragon 800“. Со оглед на тоа што се наоѓа во новиот „Nexus 7“, тешко дека таа желба ќе се оствари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП