19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНикој не го сака „iPhone 13“, но тој сепак пристигнува на есен...

Никој не го сака „iPhone 13“, но тој сепак пристигнува на есен со подобри камери од кога било

Голем број корисници на „iPhone“ би сакале следната генерација на тој смартфон да не се нарекува „iPhone 13“, туку да добие друго име, односно ознака. Дури 74 проценти од испитаниците, во истражувањето спроведено од страницата „SellCell“, се изјасниле така.

Сепак, само 18 проценти од нив го кажале тоа, тврдејќи дека се суеверни кога станува збор за бројот „13“. И за најдобро потенцијално име на новиот модел, со 38 проценти од гласовите, беше избран „iPhone (2021)“.

А, како што се приближува есента и се поизвесната презентација на новиот модел, што се очекува во септември, има се повеќе главно неофицијални информации за новиот телефон на „Apple“.

Така, добро познатиот аналитичар на екосистемите и уредите на „Apple“, Минг-Чи Куо, ги претстави своите нови проценки кога станува збор за системот за камери на новиот модел.

Имено, „Apple“ во „iPhone 12 Pro“ инсталираше систем на камери со три сензори, од кои едниот е камера со ултра широк објектив. На корисниците им останува опцијата самостојно да се префрлаат помеѓу леќите, ако сакаат, но камерите на уредот имаат фиксен фокус.

Куо тврди дека ова ќе се промени со уредот „iPhone 13“. Според неговите предвидувања, моделите „iPhone 13 Pro“ ќе продолжат да користат ултра широка аголна камера, но ќе добијат и опција за автоматско фокусирање.

„Apple“ планира и дополнителни промени во леќата, која ќе има шест елементи, наместо сегашните пет. Ова треба да овозможи подобар квалитет на снимените фотографии и видеа.

Овие промени првично ќе се однесуваат на моделите „iPhone 13 Pro“ и „iPhone 13 Pro Max“, додека ќе бидат забележани на другите модели на „iPhone“ во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП