9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧекор назад за „Boeing“: Моделот „777X“ сè уште не е подготвен за...

Чекор назад за „Boeing“: Моделот „777X“ сè уште не е подготвен за сертификација

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФAA) и порача на компанијата „Boeing“ дека нејзиниот планиран авион „777X“ сè уште не е подготвени за значаен чекор за сертифицирање и предупредија дека реално нема да го потврди тој модел на авион до средината или крајот на 2023-та година.

Во писмото до „Boeing“ од 13-ти мај, до коешто „Ројтерс“ имаше пристап, „ФАА“ наведува низа проблеми, отфрлајќи го барањето на производителот за дозвола за инспекција на тип (ТИА).

Авионот сè уште не е подготвен за „TИA“, напиша „ФAA“, одбивајќи да одобри фаза „TИA“ со ограничен дострел со мал број планови за сертифицирање на тестови за летање.

Во писмото, кое претходно не беше објавено во јавноста, се изразува загриженост за недостаток на податоци и прелиминарна проценка на безбедноста што „ФАА“ треба да ја разгледа.

„ФAA“ нема да одобри ниту еден авион ако не ги исполнува нејзините стандарди за безбедност и сертификација, наведе Агенцијата.

Портпаролката на „Boeing“ претходно изјави дека компанијата останува целосно фокусирана на безбедноста како главен приоритет преку развојот на „777X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП