среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на струјата ќе се знае следната недела- експертите почнаа со пресметки

Цената на струјата ќе се знае следната недела- експертите почнаа со пресметки

Откако ЕСМ понуди пониска цена за струјата на теднерот на ЕВН ХОУМ, експертите влегоа во пресметки. За едни ваквата одлука на државните електрани, нема економска логика, но по сите параметри со кои располагаме во моментов крајната цена би требало да се намали. Други пак сметаат дека нема да има никакви поместувања и ќе остане иста.

-Со понудата на 7 проценти пониска цена од ланската од страна на ЕСМ и со намалувањето на ДДВ – то од 18% на 5 % од први јули, би требало струјата да поевтини за 20 отсто, но ајде да видиме. Нема економска логига се сомневам во црни сценарија. Или се уништува  ЕСМ или пак е предизборен трик. Не може да паѓа цената на струјата во време кога расте на светските берзи. Невозможно е. ЕСМ има загуби кои достигнаа и до 17 милиони евра и нуди пониска цена на тендерот. Не знам каде е логиката . ЕСМ со ова само може да ги продлабочи своите загуби кои навистина се високи. Дали се оди кон уништување на државните електрани, вели за Денар Константин Димитров од МАЦЕФ.

Според експертот Александар Дединец ваквиот потег на ЕСМ е за поздравување, но не треба да се очекува дека пониската цена од ЕСМ и најавата за намалувањето на ДДВ ќе ја намалат крајната цена.

-Очекувам дека крајната цена за потрошувачите ќе остане на исто ниво како и лани, имајќи предвид дека оваа година набавната цена на струјата беше за 14 % повисока од лани, а очекувам и зголемување на тарифата за операторите за кои РКЕ е одговорна. Сепак граѓаните треба да бидат подготвени дека цената на струјата и во следните неколку години ќе расте од различни причини. Затоа потребно е максимално да се насочиме кон енергетска ефикасност. Намалувањето на ДДВ – то доаѓа во вистинско време и точно е дека тоа е една од мерките која требаше да се воведе и треба да биде временска. Но по завршување на мерката  потрбено е многу да се внимава на ранливите категории, вели Дединец.

И тој ги потенцира загубите на ЕСМ, но смета дека добрата страна е што ситуацијата во споредба со лани е подобрена и поради тоа очекува да се намалат.

-Овде пред се мислам на хидрологијата, а дополнително зголемена е и побарувачката, така што ЕСМ ќе може да продава на слободен пазар и на тој начин да ги анулира загубените средства, рече Дединец.

Од Владата пак во изминатиотв период неколку пати посочија дека не очекуваат цената на струјата да се зголеми.

На тендерот на  ЕВН ХОУМ или универзалниот снабдувач, ЕСМ понуди за 7 проценти пониска цена за призведената струја во споредба со јуни лани, односно 36.1 евро за мегават час. Минатата година оваа цена изнесуваше 38.8 евра за мегават час. И покрај тоа што ЕСМ има обврска да покрие 70 отсто од потребите на електричната енегија, сепак ќе обезбеди 100 проценти. Новата корекција на цената сеуште се прави. Се чека и регулаторна да се изјасни што од барањата на МЕПСО и Електродистрибуциија ќе прифати. Сите овие параметри ќе бидат вклучени во новата цена, но најмногу влијание има понудата од ЕСМ. Годинава во цената ќе биде вкучен и увозот кој беше направен лани поради стопирање на работата на хидроцентралите на одреден период.

Засега едно е сигурно, дека евтината тарифа нема да се чепка. Од регулаторна потврдија дека нема да дозволат да биде укината затоа што таа е на некој начин субвенција за струја на домаќинствата која доста се користи.

Новата цена ќе се знае следната недела, а ќе важи од први август. Лани електричната енергија поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании. Дел од експертите коментираат дека ако не поскапеше можеби компаниите ќе беа пред банкрот со оглед на тоа што поради пандемијата им опаднаа приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП