20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nike“ објави најголем квартален приход во својата 50-годишна историја

„Nike“ објави најголем квартален приход во својата 50-годишна историја

„Nike“ објави рекордна квартална продажба од над 12 милијарди долари за прв пат во својата 50-годишна историја. Ова се случи поради поголемата побарувачка на потрошувачите за патики и спортска облека во САД.

Приходите за кварталот што завршија во мај речиси двојно се зголемија на 12,34 милијарди долари од 6,31 милијарди долари една година порано, кога приходите беа под притисок од ширењето на коронавирусот. Директната продажба на „Nike“, производите нарачани преку нејзините апликации, нејзините продавници или други продавници, пораснаа за 73 проценти на 4,5 милијарди долари.

Цената на акциите на компанијата порасна за 12 проценти за време на тргувањето по работното време, откако заработката и профитот беа поголеми од предвидувањата на „Волстрит“. Нето добивката на „Nike“ достигна 1,5 милијарди долари, во споредба со нето загубата од 790 милиони долари во истиот квартал од минатата година.

„Ова се времиња кога силните брендови можат да станат уште посилни и станува се појасно секој квартал“, изјави извршниот директор Џон Донахју.

За време на пандемијата, многу професионални и млади спортисти не можеа да тренираат како порано. „Nike“ привремено ги затвори своите продавници и продолжи да им исплаќа на своите вработени. Се потпираше на дигитална продажба додека потрошувачите беа принудени поголемиот дел од своето време да го поминуваат дома.

Откако луѓето се вратија на шопинг во физички продавници и продолжија спортските настани, приходите се зголемија за 141% во Северна Америка во последниот квартал. Продажбата во регионот скокна за 29% во споредба со истиот период во 2019-та година.

„Nike“ се претстави многу подобро во Кина отколку што мислеа многу инвеститори, плашејќи се од повиците во земјата за бојкот на глобалните брендови, поради коментарите за наводни кршења на човековите права во Синџијанг. Приходите од продажба во Кина, Тајван, Хонг Конг и Макао се зголемија за 17% на 1,9 милијарди долари во кварталот.

Директорите на компанијата велат дека очекуваат приходите да пораснат за повеќе од 10 проценти за да надминат 50 милијарди долари во фискалната година што започна во јуни, откако пораснаа за 19 проценти во претходната фискална година.

Покрај тоа, тие очекуваат маргините на профит да се зголемат бидејќи компанијата продава повеќе производи директно на потрошувачите. Компанијата вели дека очекува директната продажба да достигне околу 60% од вкупниот број во 2025-та година во споредба со досегашните 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП