Актуелниот модел на корејскиот производител на автомобили „Ssang Yong“, „Korando“, кој моментално ја живее својата трета генерација, доби освежено лице и низа на технички доработки кои уште малку му го продолжија животниот век.

Со новите светлосни склопови потпомогнати од ЛЕД технологијата, освежениот модел доби и нова предна маска, различен преден браник и нови ретровизори, а тука се и ревидираните задни светла кои сега носат друг распоред на внатрешните сегменти, како и нови 18-инчни алуминиумски бандажи.

Со надворешноста, „Ssang Yong“ ја среди и патничката кабина, која сега е збогатена со дрвени елементи, климатизирани седишта, помеки материјали и широка палета на бои. Тука е и новиот мултимедијален систем со 7-инчен екран осетлив на допир и навигација, а во „Korando“сега се влегува и без клучеви, благодарение на „keyless“ системот.

Корејците се позанимавале и со потрошувачката на овој џип, па тој сега е за 10 проценти по штедлив од претходно и троши 7,8л/100км доколку станува збор за моделот со автоматски менувач и погон на предните тркала. Кога станува збор за „Korando“ со рачен менувач, потрошувачката е спуштена на 5,8л/100км.