11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворањето на рестораните и туристичките агенции го намали бројот на невработени: За...

Отворањето на рестораните и туристичките агенции го намали бројот на невработени: За три месеци бројката падна за над 16.000

Три последователни месеци паѓа бројот на невработени. Од март до мај е намален за над 16 илјади лица. Според организацијата на работодавачи ваквата состојба се должи на тоа што дел од дејностите кои поради пандемијата имаа забрана за работа сега повторно функционираат.

-Ова се должи на тоа што дел од секторите како угостителството, туризмот  кои подолг период не работеа сега се вратија во нормална и поради тоа си ги вратија вработените на работа, за разлика од оние сектори кои зависат од нарачки од странство и од други фактори. Поради тоа се дојде до ситуација да имаме благо намалување на бројката на невработени. Ако ваквото олабавување на мерките продолжи и ако нема влошување на епидемиолошката слика, оваа бројка ќе продолжи да паѓа, вели за „Денар“ Ангел Димитров, претседател на органзиацијата на работотодавачи.

Од Асоцијацијата на работодавачи пак сметаат дека и трудовиот  инспекторат и мерките за помош  имале голем удел во намалување на невработеноста.

-Мислам дека за падот на бројката причините се зголемениот надзор на трудовиот инспекторат, субвенциите за плати кои беа една од најкористената мерка, и бескаматните кредити, вели за „Денар“ Миле Бошков претседател на конфедерацијата на работодавачи.

Според податоците на Агенцијата за вработување, годинава стартувала со над 158 илјади невработени. следниот месец бројката на оние кои останале без работа се зголемила за речиси 1000 лица. Но веќе од март агенцијата регистрира пад на бројката на невработени. Најголем пад на бројот на невработени се бележи во март во споредба со февруари. Според податоците на АВРМ, бројот на невработени се намалил за 14.281. Во следните два месеци падот е поблаг, но забележителен. Во април и во мај бројот на невработени се намалил за по точно 1.000 лица. Во моментот вкупниот број на невработени е 143.390 лица.

Како што соопшти АВРМ, поради финансиската криза која произлезе од пандемијата предизвикана од Ковид-19, вкупно 17.250 лица го загубиле работното место.

Во моментов на АВРМ има над 9.000 слободни работни места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП