24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Starlink“ ќе испорачува интернет низ целиот свет од септември 2021-ва

„Starlink“ ќе испорачува интернет низ целиот свет од септември 2021-ва

Сателитската мрежа „Starlink“, која е сопственост на „SpaceX“, е подготвена да обезбеди глобална интернет покриеност во септември оваа година.

Сепак, компанијата на Илон Маск појаснува дека за ова ќе биде потребно одобрување на регулаторите во одделни земји.

Претседателот на „SpaceX“, Гвин Шотвел, изјави дека компанијата веќе има околу 1.800 оперативни сателити и кога сите ќе ја достигнат својата оптимална орбита, ќе можат да обезбедат пристап до интернет насекаде во светот.

„Starlink“ планира да лансира вкупно 12.000 сателити во орбитата, со вкупна вредност од околу 10 милијарди долари. Компанијата во моментов нуди бета верзија на своите услуги во 11 земји низ целиот свет.

Во мај, основачот на „SpaceX“, Илон Маск, рече дека сателитската мрежа веќе добила повеќе од половина милион пред-нарачки за интернет услуги. Тој беше категоричен дека не очекува никакви технички проблеми во исполнувањето на побарувачката.

Во Соединетите држави, Федералната комисија за комуникации ги одобри плановите на „Starlink“ за лансирање сателити со ниска орбита околу Земјата. Нивната цел е да обезбедат широкопојасен пристап до интернет во региони кои во моментот немаат.

„Starlink“ не е единствената компанија што работи во оваа насока. „Amazon“ развива своја сателитска мрежа „Kuiper“, слични проекти имаат британскиот „OneWeb“ и американскиот „Raytheon“, кој работи на неговата сателитска мрежа „Blue Canyon Technologies“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП