20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Најнови вести од светот 12.08.2013 година

Крушевац – Генералниот директор на Рударско-топилничкиот басен Трепча Јован Димкиќ, вели дека не постојат основни предуслови за приватизација на овој комбинат. – Приватизацијата веќе долго се најавува и се подготвува во т.н. косовски институции, меѓутоа мислам дека не постојат основни предуслови за тоа, без оглед на изразените намери на Приштина и обидите оваа активност да се спроведе ад хок – истакна Димкиќ. Тој изрази очекување дека прашањето за имотот, а со самото тоа и правниот статус на општествените и државните фирми, набрзо ќе се најде на дневен ред на преговори меѓу Белград и Приштина, и тоа како едно круцијално прашање.

Будимпешта – Унгарската државна Агенција за управување со долгови АКК, денеска ќе го отплати долгот кон ММФ и ќе ги затвори канцелариите на таа организација во Будимпешта. По конституцијата на власта со ММФ, АКК денеска ќе ги исплати преостанатите 2,2 милијарди евра долг во три валути, долари, фунти и евра. Народната банка на Унгарија претходната недела веќе го исплати својот преостанат долг од 721 милион евра.

Тиват – Цените на становите во Ксенија, шеста по ред резиденциска деловна зграда во Порто Монтенегро, се движат д 350.000 до дури 2.2 милиона евра.

Берлин – Во жестоката борба за купувачи во Европа, многу производители на автомобили, присилени се во последно време да ги продаваат возилата по намалени цени, наведе радио Дојче веле. Сепак, како што наведува германското радио, овој тренд полека исчезнува, бидејќи и затворањето на погоните покажува резултати. Бројот на продадени возила во Европа лани падна на најниско ниво во последните 17 години, а и во првата половина на оваа 2013 година, продажбата и понатаму се намалува.

Атина – ЕргОСЕ, огранок на Грчката железница ОСЕ, за управување со проекти, ќе одржи лицитација за 17.500 маслинови дрвја. Се работи за стебла кои се наоѓаат на земјиште кое е национализирано поради новата железничка мрежа на северот на Пелопонез. Компанијата наведе дека дрвјата ќе се продадат со цел да се пресадат, или евентуално за употреба како огрев, јави грчката новинска агенција АНА.

Цирих – Оние кои се задолжувале во швајцарски франци, идното лето можат да дочекаат олеснување, бидејќи аналитичарите очекуваат пад на таа валута од 10 отсто во однос на еврото. До средина на 2014 година франкот може да ослабе и до десет отсто во однос на еврото, сметаат аналитичарите на Сошиете женерал банката, јавија хрватските медиуми. До пад на франкот треба да дојде поради намалување на ризикот поврзан за еврозоната. Во текот на кризата многу инвеститори го побараа франкот, а бидејќи сега состојбата се смирува, се оди и на други валути.

Милано – Италијанската модна куќа Прада објави дека во првите шест месеци ги зголемила приходите од продажбата за 11,6 отсто, пред се поради одличните резултати во Кина. Миланскиот производител на луксузна облека наведе во соопштението дека во регионот на Азија и Пацификот, ја зголемил продажбата за 17 отсто, главно поради раст на прометот во Кина, вклучувајќи ги и Хонгконг и Тајван, додека истовремено неговите конкуренти, германската Хуго Бос и француската груоација Керинг, забележаа пад на побарувачката во Кина.

Париз – Француската компанија Данон, објави дека стекнала 100 отсто сопственост над американската фирма ЈоКранч, специјализирана за овошни и други видови на јогурт. Според францускиот весник Капитал, ЈоКранч лани оствари приход во износ од 110 милиони долари и двоцифрен раст. Данон со ова купување ќе се обиде да ја зајакне својата позиција на пазарот за јогурт на другата страна на Атлантикот, а договорениот износ за трансакција сеуште не е соопштен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП