21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ подготви „Yaris GR“ со 300 коњски сили (ВИДЕО)

„Toyota“ подготви „Yaris GR“ со 300 коњски сили (ВИДЕО)

Минатата година „Toyota“ лансираше верзија на својот хечбек „Yaris“ cо додавање на „GR“ на неговото име, што предизвика вистинска сензација на пазарот.

Моделот го доби најмоќниот мотор со 3 цилиндри, кој развива 272 ks и обезбедува забрзување од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди.

1.3-литарскиот мотор е поврзан со 6-степен мануелен менувач и систем со погон на сите четири тркала со повеќе-диск спојка што пренесува до 100% од потисната моќ на секоја оска. Хечбекот доби спортска суспензија и засилен систем за сопирање, и се чинеше дека ова е „врвот“ на можностите на овој модел.

Сепак, излегува дека „Toyota“ има уште посмели планови, за што сведочи и видеото снимено на Северниот лак на Нирбургринг. На него се гледа како Јапонците тестираат прототип на „Yaris“ во уште потешка верзија на „GRMN“. Оваа комплексна кратенка значи „Gazoo Racing Masters of Nurburgring“.

Предметниот хечбек се разликува од стандардниот „GR“ со голем број модификации. Доби различен преден браник со аеродинамички елементи, отвори во предните крила, како и поразвиено задно крило. Покрај тоа, прототипот има поцврста суспензија и намален клиренс.

Засега нема информации за моќноста на „Yaris GRMN“, но луѓето кои се запознати со ова тврдат дека тој ќе биде околу 300 ks. Соодветно на тоа, оваа верзија ќе биде објавена во ограничено издание и ќе чини повеќе од веќе познатата „GR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП