18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете ја снимката од тестирањето на американскиот носач на авиони на отворено...

Погледнете ја снимката од тестирањето на американскиот носач на авиони на отворено море кое предизвика земјотрес од 3,9 степени!(ВИДЕО)

Американската морнарица ги тестира своите воени бродови на отпорност во сурови услови на поморска борба на многу екстремен начин. Неодамна беше објавена снимка од ваквото тестирање на големиот американски носач на авиони USS Gerald Ford.

Недалеку од источниот брег на САД, минатата недела беше спроведен тест за поморски шок од страна на американскиот носач на авиони USS Gerald Ford. За да го тестираат, покренаа голема огромна експлозија недалеку од бродот.

Дека експлозијата навистина била огромна, докажале и сеизмографите на УСГС, кои за време на експлозијата забележале тресење на тлото од 3,9 степени.

Владата на САД официјално ја сними активноста како „експериментална експлозија“ на околу 160 километри источно од Флорида, а портпаролот на американската морнарица потврди за медиумите дека наведениот носач на авиони бил подложен на шок-тестови.

Ваквите тестови имаат за цел да обезбедат увид во можноста на одреден воен брод да издржи во брутални борбени услови, особено на експлозии на море во близина на бродот, за да ги идентификува критичните точки специфични за ваквите борбени услови на бродот.

Американската морнарица објави и снимки од наведениот тест, направени од повеќе агли. Еден од овие агли е од самиот носач на авиони, што најдобро го покажува размерот на оваа експериментална експлозија.

USS Gerald Ford е исто така најнапредниот носач на авиони на морнарицата на САД, дизајниран со помош на напредни компјутерски модели, тестирање и анализа, за да се осигура дека овој воен брод може да издржи уште поригорозни борбени услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП