18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Renault“ постигна договор со синдикатите за хибридна работа

„Renault“ постигна договор со синдикатите за хибридна работа

Францускиот производител на автомобили „Renault“ постигна договор со синдикатите за хибридно работење.

Новите аранжмани за работното место ќе бидат воведени во неколку фази, почнувајќи од септември 2021-ва година, велат од „Renault“, додавајќи дека ќе понуди поддршка и обука за тоа како најдобро да се работи од далечина.

Хибридниот систем ќе биде доброволен и се заснова на два дена работа од дома неделно, со дополнителен ден по избор на менаџерот, додаде „Renault“.

Компанијата очекува 20.000 вработени во Франција да ја прифатат понудата за далечинско работење што ќе ги покрие повеќето работни места освен „front-line“ производството.

Ривалскиот производител на автомобили „Stellantis“, производителот на автомобили „Peugeot“ и „Citroen“, договори слични аранжмани со своите француски работници.

За иднината на работното место се дискутира интензивно откако пандемијата на коронавирусот принуди да се затворат многу канцеларии и покажа колку задачи сега можат да извршат вработените од нивните домови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП