На почетокот на овој месец дознавме дека „Samsung Galaxy Z Fold3“ влезе во масовно производство, а сега новиот извештај сугерира дека започнато е и масовно производство за моделот „Galaxy Z Flip3“.
Извори на оваа информација тврдат дека „Samsung“ нарачал производство на 50.000 – 70.000 уреди „Galaxy Z Fold3“ и „Galaxy Z Flip3“ дневно, и дека во комбинација планира да произведе седум милиони од овие телефони и сака да биде навреме подготвен за нивно објавување.

