20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Morgan Stanley“ до вработените: Штом одите во ресторани, можете да одите во...

„Morgan Stanley“ до вработените: Штом одите во ресторани, можете да одите во канцеларија!

Извршниот директор на американската инвестициска банка, „Morgan Stanley“, неделава рече дека очекува вработените да се вратат во нејзините канцеларии во Њујорк, поради се поголемиот број вакцинирани во САД.

„Ако можете да одите во ресторан во Њујорк, тогаш можете да дојдете во канцеларијата. И ние ве сакаме во канцеларија“, рече Џејмс Горман, цитиран од „CNN“.

„Би бил многу разочаран ако вработените не го најдат патот до канцеларијата до Денот на трудот (6-ти септември), а потоа ќе имаме многу поинаков разговор“, рече Горман.

Тој исто така рече дека вработените кои продолжуваат да работат во делови од земјата со пониски трошоци за живот, не треба да очекуваат да продолжат да примаат плати како за големиот град.

„Ако сакате да бидете платени како во Њујорк, ќе работите во Њујорк“, рече Горман. „Нема да се случи: „Јас сум во Колорадо и работам во Њујорк и добивам плата како во Њујорк. Жал ми е, но тоа нема да биде така“, рече Горман.

Сепак, тој додаде дека компанијата нема да дејствува „диктаторски“ и ќе понуди одредена флексибилност во поделбата на работното време помеѓу канцеларијата и домот. Тој исто така спомена дека „далеку над 90%“ од вработените во „Morgan Stanley“ се вакцинирани против Ковид-19 и дека очекува нивниот удел да се искачи на 98 или 99%.

Оваа недела, Њујорк ја достигна целта да вакцинира 70% од возрасните во државата. Како резултат на тоа, локалните власти објавија дека ги укинуваат ограничувањата наметнати поради коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП