19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новата верзија на „Porsche 911 GT3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е новата верзија на „Porsche 911 GT3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Porsche“ ја претстави нова верзија на својот „911 GT3“, кој е еден од најбрзите автомобили во историјата на марката.

Под неговата хауба се наоѓа 4,0-литарски 6-цилиндричен атмосферски мотор кој развива 502 ks и 469 Nm вртежен момент, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди и постигнување на максимална брзина од 320 km/h.

Сега овој автомобил излегува во верзијата „Touring“, што се случува по втор пат во историјата на моделот. Следејќи го стилот на претходната генерација (991.2), машината ја задржува целата моќ на „GT3“, но има променет изглед.

Главната разлика помеѓу стандардниот „GT3“ и „Touring“ е во задното крило и поточно во негово отсуство. Заменет е со заден спојлер кој се зголемува автоматски.

Предниот дел исто така е редизајниран со различна решетка, а врвовите на пригушувачот во новата верзија се позлатени, додека црната е достапна како опција. Тркалата од 20 и 21 инчи се од стандардниот „GT3“, истото важи и за поголемиот дел од ентериерот, што е скоро ист и во двата автомобила.

Под хаубата на спортското купе има 6-цилиндричен атмосферски мотор со зафатнина од 4,0 литри, што може да се комбинира со 6-степен мануелен менувач или автоматски „PDK“ менувач. Во претходната генерација се нудеа само рачни менувачи.

Цената на новата верзија „Touring“ е идентична со онаа на стандардниот „GT3“, почнувајќи од 160.000 евра. Продажбата на моделот ќе започне на крајот на летото, објави производителот, кој веќе прифаќа нарачки за автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП