22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинеските астронаути успешно стигнаа до вселенската станица Тијанхе и испишаа историја

Кинеските астронаути успешно стигнаа до вселенската станица Тијанхе и испишаа историја

Кинеската национална вселенска агенција објави дека леталото Шенжу-12 со тројца астронаути успешно стигнало до вселенската станица Тијанхе.

Вселенското летало ќе се спои со Тијанхе, првиот модул на идната кинеска вселенска станица, и во комбинација со претходно пристигнатото товарно вселенско летало Тианжу-2 формира триделна комбинација на вселенски брод и модул во кој астронаутите ќе живеат и ќе работат во следните три месеци

Самиот процес на спојување ќе трае неколку часа, по што астронаутите ќе влезат во модулот Тијанхе и со тоа да запишат историја.

Имено, со нивниот престој на Тијанхе, во орбитата на Земјата ќе бидат две вселенски станици со екипаж – Меѓународната вселенска станица и нејзината кинеска верзија.

Да потсетиме, астронаутите Ни Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) за време на нивниот престој ќе спроведат неколку студии, ќе спроведат неколку вселенски прошетки на кои ќе подготват модул за поврзување на идните модули кои допрва ќе бидат лансирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП