Рудник САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите за идни вложувања на САСА во развојот на заедницата.
„За нас во САСА успехот е целосен само доколку се сподели со луѓето и со заедницата во која ние живееме и работиме. Затоа, благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите сопственици – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, како и соработката со институциите на централно и локално ниво и партнерите, како што е Британската Амбасада, ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на натамошен одржлив развој на САСА, што ќе ни отвори нови можности за уште поголеми вложувања во проекти кои се значајни за просперитетот на луѓето и локалната заедница“, изјави директорот за одржлив развој на САСА, Ивица Талевски, заблагодарувајќи ѝ се на Амбасадата на Обединетото Кралство и на амбасадорката Галовеј, за искажаниот интерес и континуираната поддршка.





