19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува телефон на „Microsoft“ со два екрани

Пристигнува телефон на „Microsoft“ со два екрани

Новата генерација телефони на „Microsoft Surface Duo“ е обвиткана со мистерија. Постојат шпекулации за 5G технологија, посилен процесор и подобра камера, во споредба со оригиналниот модел.

Конечно, имаме специфични информации за уредот од Редмонд, кој е познат под кодното име „Zeta“.

Една од најважните ставки е чипсетот, а „Microsoft“ не „штедеше“, па го добиваме „Snapdragon 888“, па дури и „888+“.

„Дотеран“ Андроид

Дизајнот нема да биде многу различен од оригиналниот, екранот веројатно ќе биде поголем, а рабовите потенки. Наследникот доби и подобра камера, бидејќи оригиналната единица (11MP) не се покажа како доволно квалитетна.

„Surface Duo 2“ пристигнува со „Android 11“, но специјално „наместен“ за новата генерација телефони на „Microsoft“.

Премиерата се очекува во втората половина на 2021-ва година, најверојатно во септември или октомври. Единствената грижа е цената, која е веќе значајна (1.400 американски долари), затоа мора да почекаме за други детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП