18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„IKEA“ и „Lenovo“ се меѓу компаниите со блокирана стока на бродот „Ever...

„IKEA“ и „Lenovo“ се меѓу компаниите со блокирана стока на бродот „Ever Given“

Огромниот брод со контејнери „Ever Given“ веќе не го блокира Суецкиот канал, но кризата е далеку од завршена за компаниите кои треба да издржат долготрајна правна битка во надеж дека ќе ја добијат назад стоката во вредност од стотици милиони долари која е на бродот, а кој веќе два месеци е одземен од Египетските власти.

„IKEA“ и „Lenovo“ се меѓу компаниите со производи блокирани на јапонскиот брод, кој во март го запре сообраќајот на Суецкиот канал за шест дена. Помалите компании, како британскиот производител на велосипеди „Pearson 1860“ и „Snuggy UK“, која произведува ќебиња, исто така имаат важни нарачки блокирани на бродот.

„Немаме многу надеж дека ќе ги видиме производите во оваа година, и иако се осигурани, сметаме дека се мали шансите да се реши проблемот за неколку месеци, ако не и со години“, изјави Вил Пирсон, директор на „Pearson 1860“, за „CNN“. Неговата компанија има производи на бродот од над 100.000 долари.

Египетски суд го заплени „Ever Given“ и неговите 18.300 контејнери откако компанијата што управува со Суецкиот канал поднесе првична тужба од 916 милиони долари против јапонската компанија соптвеник на бродот „Shoei Kisen Kaisha“.

Додека трае судската постапка, „Ever Given“ и неговиот товар остануваат во Големото горко езеро, на околу 50 милји од местото каде што беше заглавен.

Неколку компании кои имаат товар на бродот за „CNN“ изјавија дека не биле запознаени за состојбата на нивната стока и биле исклучени од преговорите за нивно ослободување. Дури и ако се постигне договор, компаниите или нивните осигурителни компании најверојатно ќе должат дел од надоместокот.

Компаниите може да бидат принудени да плаќаат во согласност со принципот на поморско право, наречен „вкупен просек“, кој бара страните вклучени во патувањето да ги делат трошоците пропорционално на загубите.

Според некои проценки, на бродот има стока за помеѓу 600 и 700 милиони долари.

Од „IKEA“ за „CNN“ изјавија дека имаат различни производи на бродот, но не споделија повеќе детали за пратката. „Lenovo“ исто така потврди дека имаат стока на бродот, а портпаролот на компанијата рече дека „бараат начини да ја вратат“.

Влогот е уште поголем за компаниите, како што е „EasyEquipment“, мала британска компанија која нема морско осигурување за комерцијални фрижидери во вредност од 100.000 американски долари, што мораше да ги достави до рестораните пред олеснувањето на ограничувањата за коронавирусот во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП