27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford“ го лансираше „Bronco“, 125.000 клиенти со нетрпение го чекаат (ФОТО/ВИДЕО)

„Ford“ го лансираше „Bronco“, 125.000 клиенти со нетрпение го чекаат (ФОТО/ВИДЕО)

Во јули 2020-та година, „Ford“ го врати познатото име од своето минато, а пазарот беше подготвен да го поздрави, па до денес американскиот производител доби над 190.000 резервации, а повеќе од 125.000 клиенти веќе ја нарачаа својата верзија и сега со нетрпение чекаат да ја напушти фабриката во Мичиген.

Една година по премиерата, новиот „Bronco“ влезе во сериско производство.

„Ford“ инвестираше дополнителни 750 милиони долари во оваа фабрика и ангажираше уште 2.700 работници да ја направат фабриката подготвена за сериско производство на „Bronco“.

„Bronco“ е едно од најпознатите имиња во историјата на американската автомобилска индустрија, а најпрепознатлива е нејзината прва генерација, произведена во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и чиј дизајн е проследен во новиот модел.

Новиот „Ford Bronco“ се враќа на сцената во традиционалната верзија со 2 врати, во која се произведуваше уште од неговите почетоци пред повеќе од половина век, но и во попрактична и поудобна варијанта со 4 врати. Покрај овие две опции, клиентите на располагање ќе го имаат и покомпактниот и поурбан „Bronco Sport“, исто така со 4 врати.

Од компанијата велат дека при конструирање на новата генерација, се грижело „Bronco“ да биде првенствено функционален и употреблив за целите за кои првично е создаден, и дека тоа е проследено со надворешен дизајн во ретро стил.

Затоа овој автомобил има дарежливо растојание од подлогата од дури 294 mm, а производителот тврди дека „Bronco“ може да надмине водената пречка длабока до 851 mm, што, како што велат, е најдобриот резултат во својата класа на возила.

Аголот на напад на овој теренец е 29 степени, а аголот на спуштање е 37,2 степени. Сепак, за возачот да може да смета на овие карактеристики, потребно е да се побара од фабриката да инсталира големи теренски гуми со дијаметар од 35 инчи при нарачка на возилото.

Производителот избра два мотори кои ќе ја придвижуваат модерната верзија на „Bronco“. Основната варијанта е придвижувана од 4-цилиндричен 2,3-литарски „EcoBoost“ со 270 ks и 420 Nm, а исто така е достапен и 2,7-литарски V6 кој испорачува 310 коњски сили и 542 Nm максимален вртежен момент.

Почетната цена на новиот „Ford Bronco“ во САД е 29.995 американски долари.

Што се однесува до моделот „Bronco Sport“, тој има малку покомпактни димензии, а исто така ќе се продава во две погонски верзии.

Основниот модел под хаубата крие трицилиндричен 1.5-литарски EcoBoost со 184 ks и 257 Nm, а клиентите кои сакаат помоќен мотор можат да изберат 2.0-литарски четирицилиндар со 248 ks и 372 Nm.

Почетната цена на верзијата „Sport“ е 28.155 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП