20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботата од дома и донесе милијарди на швајцарската компанија

Работата од дома и донесе милијарди на швајцарската компанија

Последната финансиска година, која заврши во март 2021 година, беше особено добра за Logitech, швајцарска компанија која произведува компјутерска опрема како што се тастатури, мауси, веб-камери и многу повеќе.

Во финансискиот извештај се наведува дека во периодот тие ги зголемиле приходите за 76% во споредба со претходната година, од 2,98 милијарди долари на дури 5,25 милијарди.

Причината за ова е што во последната година, поради пандемијата на коронавирус, повеќето компании го преместија својот бизнис во домашни „канцеларии“. Како резултат на преминот кон таков модел на работа ширум светот, побарувачката за ИТ опрема е зголемена, што резултираше со зголемени приходи за производителите на таква опрема.

Кога ќе погледнете во делот што зборува за продажба по региони, јасно е како тие го добија најголемиот дел од финансискиот колач од Американците – околу 2,2 милијарди долари. Приходите од клиенти од ЕМЕА (Европа, Блискиот исток и Африка) се малку пониски – околу 1,7 милијарди. Но, и покрај тоа, имаше значително зголемување на приходите од тој регион – 84%, пренесува Bug.hr.

Како што растат приходите, така растат и трошоците, особено оние поврзани со рекламирање и развој. „Logitech“ наведува дека во 2021 година одвоиле 450 милиони долари за рекламирање, додека во претходните години (2016-2020) одвоиле помеѓу 181,7 и 298,6 милиони долари. Кога станува збор за развој на опрема, трошоците се искачиле на 226,02 милиони долари, за разлика од 113,18 милиони и 177,59 милиони долари во претходните години. Ова е зголемување на трошоците за 27%.

И покрај фактот дека некои компании, како што е „Apple“, се залагаат што побрзо враќање во канцелариите, некои од нив се очекува да го одржат хибридниот деловен модел дури и по пандемијата, што е можност „Logitech“ да продолжи да расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП