10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАInstabrowser за полесно сурфање

Instabrowser за полесно сурфање

instabrowser

Сурфањето на интернет на мобилните телефони може да биде исклучително тешко доколку немате добра конекција. Иако повеќето „web“ страни имаат и мобилна верзија, тоа незначи дека „полесно“ ќе се вчитува.

Тука ви помага, барем за корисниците на „iPhone“, „Instabrowser“.

„Instabrowser“ ги отстранува сите форматирања со „web“ страницата и ви го остава само обичниот текст и фотографиите, доколку ги сакате.

„Web“ страните така потсетуваат на овие од деведесетите години, но на летување кога едвај имате сигнал да направите разговор, ваквиот начин на добивање на информации е повеќе од доволен.

Ако пак, во текот на сурфањето налетате на некоја страна која има некаква мултимедијална содржина која сакате да ја погледате и не ви пречи долгото вчитување поради слабиот сигнал, секогаш можете да одберете вчитување на целата страница.

Од „Instabrowser“ тврдат дека намалувањето на потрошувачката на дата прометот е и до 90 проценти во однос на „Safari“, што може добро да им дојде на оние кои се при крај со својот интернет пакет.

Иако „Instabrowser“ е со цена од 2.99 долари или во бесплатна верзија со огласи, веројатно нема во целост да го замени „Safari“, но сепак е одлична алтернатива каде што имате слаб сигнал, а сепак би сте сакале да сурфате на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП