19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските новински агенции.

Покрај нашата држава, Европската комисија предложи додавање и на Србија, Албанија, САД, Хонг Конг, Тајван, Макао, Саудиска Арабија и Либан на списокот со земји безбедни за патување.

На состанокот утрово во Брисел амбасадорите на земјите членки го поддржале ставот дека во овие земји има „задоволителна епидемиолошка состојба“, што им овозможува на нивните граѓани да патуваат во земјите членки, без ограничувања, пишуваат агенциите

Оваа проширена листа треба официјално да стапи во сила в петок, 18 јуни, пренесуваат медиумите.

Тие потсетуваат дека од 1 јули минатата година, поради избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, ЕУ воведе список на таканаречените безбедни трети земји, на кои границите на ЕУ ќе останат отворени.

Досега на списокот се најдоа осум земји: Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Списокот се заснова врз голем број епидемиолошки критериуми вклучувајќи го и степенот на вакцинација, а со најновото ажурирање вклучува 15 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП