Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производ на пазарот, шприцер во лименка. Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер.
„Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел – следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производи со кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите, поместувајќи ги притоа стандардите во индустријата и потрошувачката на вино во земјата“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

