Денес во посета на подружницата на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Киев, Украина, беа министерот за економија Крешник Бектеши, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев, амбасадорот на Македонија во Украина Крум Ефремов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, информраа од Владата.
„Претставништвото на Алкалоид во Киев е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на Алкалоид на украинскиот пазар. Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната дејност, тековните активности на Алкалоид Киев и плановите за украинскиот пазар“, пишува во соопштението.



