26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ted Baker“ пријави загуба по тешката пандемска година за нивниот бизнис

„Ted Baker“ пријави загуба по тешката пандемска година за нивниот бизнис

Британскиот трговец на мало, „Ted Baker“ објави загуба за својата фискална 2021-ва година, во која компанијата беше погодена од пандемијата и рече дека приходите за првиот квартал на нивната фискална година паднале за 20% поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, пред овој период.

Британската компанија, која се соочи со голем број оперативни неуспеси во управувањето во текот на изминатите две години, објави загуба пред оданочување од 59,2 милиони фунти (85,53 милиони американски долари) за годината што заврши на 30-ти јануари. За споредба, за претходната година објави профит од 4,8 милиони фунти.

Просечната проценка на аналитичарите беше загуба пред оданочување од 76 милиони фунти, според „Refinitiv“.

Иако некои трговци имаат корист од насочувањето на потрошувачите кон спортска облека и домашна облека, годишниот приход од продажбата на „Ted Baker“ падна за 44 проценти на 352 милиони фунти делумно поради фокусот на компанијата кон облеката за на работа. Сепак, нејзините приходи од продажба преку Интернет се зголемија за 22%, на 144,9 милиони фунти.

„Додека влијанието на Ковид-19 врз нашите резултати е јасно и влоши некои од проблемите што влијаат на нашиот бизнис, „Ted Baker“ реагираше проактивно и е во многу подобра позиција отколку што беше пред една година“, изјави извршниот директор Рејчел Озборн.

Под раководство на својот нов лидер, Озборн, лондонската компанија се бори да ги освои клиентите и довербата на инвеститорите по серијата неуспеси по заминувањето на поранешниот извршен директор и основач Реј Келвин по обвинувањата за лошо однесување. Тој негираше дека направил нешто лошо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП