8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe“ - повеќе луксуз и нови поставки за суспензијата...

„Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe“ – повеќе луксуз и нови поставки за суспензијата (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes-AMG“ го ажурираше својот „GT 4-Door Coupe“, правејќи мали промени во изгледот и внатрешноста, но додаде неколку дополнителни бои, како и нови прилагодувања за адаптивна суспензија.

Купето со 4 врати сега ќе биде достапно во „Rubellite Red“ металик боја, во комбинација со сребрен хромиран надворешен пакет и специјално изработено 21-инчни тркала „AMG“. Внатрешноста вклучува кожа од напа, дрвени елементи и нов управувач „AMG Performance“ со два крака. Оваа верзија на кабината е достапна како опција за верзии со 6-цилиндричен мотор и стандард за оние со V8.

Новиот волан има контроли на допир за брза контрола на различните поставки за возење и екрани на дигиталните панели. На неговата површина се наоѓаат повеќе сензори, кои ја следат положбата на рацете на возачот. Кога автомобилот повеќе не добива „повратна информација“ од возачот, тој дава сигнал и доколку не се појави одговор, се активира системот за итно запирање.

За прв пат во својата историја, „Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe“ е достапен во конфигурација со 5 седишта. Моделите „43“ и „53“ ги користат сегашните 3,0-литарски 6-цилиндрични мотори со дополнителен систем „EQ Boost“, додека нивната моќ останува непроменета – 362 и 429 ks Послабата верзија забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди, а помоќната за 4,5 секунди.

Што се однесува до моделите „63“ и „63 S“ кои имаат V8 агрегат, „Mercedes-AMG“ ветува дека ќе ги открие податоците за нив во подоцнежна фаза. Она што е познато е дека верзиите со 8-цилиндричен мотор ќе добијат комплетно редизајнирана адаптивна суспензија „AMG Ride Control +“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП