Минатата година, „Motorola“, наводно, започна да работи на наследник на флексибилниот телефон „Razr“, кој се предвидуваше да биде објавен во текот на 2021-ва година. Сепак, сега нови извори сугерираат дека новиот „Moto Razr“ можеби нема да се појави подоцна во оваа година, но ќе биде објавен во 2022-ра година.
Аналитичарот Рос Јанг сугерира дека фановите ќе мора да почекаат до следната година за да купат нов флексибилен телефон „Motorola Razr“. За жал, не се познати причините зошто „Motorola“ одлучи да го одложи објавувањето на уредот за следната година (ако се испостави дека се точни гласините). Една од причините може да биде проблем со залихите на чипови и материјалите за изработка.

