20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ го запре производството на нов модел поради недостаток на чипови

„Samsung“ го запре производството на нов модел поради недостаток на чипови

Компанијата „Samsung Electronics Co.“ го запре производството на еден од своите нови модели на паметни телефони од среден опсег поради недостаток на чипови. Ова го објави јужнокорејското издание на „Electronic Times“, цитирано од „Bloomberg“.

Ова е уште еден знак за проблемите во производството и снабдувањето со полупроводници, кои влијаат на сè – од мобилните телефони до автомобилите.

Стопирањето на „Galaxy S21 Fan Edition“ се должи на недостигот на процесори на „Qualcomm“, според информација од анонимен извор во индустријата. „Samsung“ сакаше да издаде подостапна верзија на „Galaxy S21“ во август, се вели во публикацијата.

Портпаролот на компанијата првично одби да даде коментар.

„Samsung“ подоцна појасни дека сѐ уште не одлучиле дали да го запрат производството.

„Иако не можеме да дадеме детали за производ кој сè уште не е објавен, сè уште ништо не е решено за наводниот прекин на производството“, се вели во соопштението.

Според новата група на податоци за пазарот на паметни телефони објавени претходно овој месец, тие остануваат еден од најбараните производи за време на пандемијата. Во првиот квартал, продажбата се зголеми за 26 проценти, на скоро 378 милиони уреди, соопшти во понеделникот фирмата за истражување на пазарот „Gartner“.

На почетокот на годината, „Samsung Electronics“ го врати тронот со кој се искачи „Apple“ за време на Божиќниот квартал и го зазеде првото место со продадени над 76 милиони паметни телефони.

Уредите кои чинат помалку од 150 долари се особено популарни кај клиентите. „Apple“ се најде на второто место со скоро 58,6 милиони продадени „iPhone“ телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП