19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСериската верзија на GLA подготвена за Франкфурт

Сериската верзија на GLA подготвена за Франкфурт

gla

„Mercedes-Benz“ на овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт на пошироката јавност официјално ќе и го претстави својот модел „GLA“ кој ќе има задача да биде конкуренција на компактните кросовери „Аudi Q3“ и „BMW X1“. Германскиот автомобилски гигант најавува дека производството на овој модел ќе започне во текот на 2014-та година.

Овој модел секако дека ќе биде базиран на моделот „Mercedes Concept GLA“ кој прв пат беше прикажан на саемот за автомобили во Шангај оваа година. Споменатиот концепт користеше 2.0 литарски бензински мотор со четири цилиндри и со 208ks, моќ која ги придвижува сите четири тркала, додека трансмисијата е обезбедена преку новиот седумстепен автоматски менувач.

gla1

Се очекува дека во производствената верзија овој мотор исто така ќе биде застапен и со четирицилиндарски мотори кои се превземени од задната класа, при што во тој случај на располагање ќе бидат со погон на предните и на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП