28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијално отворање за пријавување за најголем регионален employer branding проект „Best Employer...

Официјално отворање за пријавување за најголем регионален employer branding проект „Best Employer Brand Awards Adria 2021“

Employer branding е тема кон која во последно време организациите и компаниите сè повеќе се насочуваат со цел изградба на корпоративен имиџ и зајакнување на стратегијата за привлекување и задржување на вработените. Исто така, може да се каже дека employer branding е модел со кој компаниите управуваат различни деловни сегменти за да се истакнат како атрактивно место за работа и да докажат дека се посакуван работодавач за постојните и за идните вработени.

Компаниите кои систематски управуваат со својот employer brand се значително поуспешни при постигнување на своите деловни цели. Може да кажеме дека привлекувањето таленти и поефикасното задржување на вработените, како и креирањето позитивно работно искуство на сите нивоа, денес е обврска за управување со успешна стратегија на работодавачот. Најдобрите резултати на ова поле се постигнуваат доколку овие активности се поврзат со потребите на вработените, корпоративниот бренд, културата и, конечно, целите на компанијата.

Оваа година бараме најдобри активности на регионално ниво

Во изминативе години, работодавачите во сегментот на Employer brandingсе позиционираа со целни кампањи, како на хрватскиот, така и на регионалниот пазар на труд. CareerCentar ја препозна вредноста на овие активности и во 2019година го започна хрватскиот проект Best Employer Brand Awards. Проектот се одржува три години, но оваа година прв пат во регионална конкуренција.

„Со овој проект сакаме да ги подобриме разбирањето и важноста на управувањето со employer brand, затоа што оваа област вклучува заложби и активности насочени кон креирање подобри работни места и подобри компании – компании во кои вработените ќе сакаат да работат и да останат. Денес, доброто employer branding е главен извор на конкуренција на пазарот на труд и нашата улога е да ги истакнеме успешните поединци и компании кои ќе ги инспирираат другите работодавачи со добри пракси и примери. Нашата цел, исто така, е да работиме со компаниите за да развиеме знаење и таленти на полето на управување со employer brand, а оваа награда ќе докаже дека тоа го правиме со вистинска цел – да го подобриме задоволството на вработените и успешно да ги постигнеме деловните цели. Самите компании нè водат во подготовката на овој проект и за други пазари, па оваа година проектот ќе започне и на регионално ниво.“, истакна Владимир Бениќ, основач на програмата Best Employer Brand Awards.

На овој регионален натпревар може да се пријават компании од 8 земји: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Србија, Словенија и Хрватска. Главна награда е Grand Prix Adria, а ќе биде доделена и Grand Prix за секоја земја.

Нова категорија – People’s Voice Award

Посебна новина оваа година е People’s Voice Award, награда која се доделува врз основа на кратка видеопрезентација која ќе ја поднесат компаниите. Победниците во сегментот на големи, средни и мали компании ќе се избираат со јавно онлајн гласање. Пријавувањето за оваа категорија е бесплатно, а пријавите треба да се достават до 31 август 2021 година. Искрено веруваме дека преку оваа категорија ќе имаме можност да запознаеме многу интересни компании, тимови, пракси и активности кои влијаат врз креирањето одлични искуства на таленти и на вработени.

Најава за првата регионална employer brand конференција

Уште една новина оваа година е Employer Branding Connect конференција што ќе се одржи на 3 декември 2021 година. Предавачи на конференцијата ќе бидат истакнати меѓународни стручњаци од областа на управување со employer branding, како што се James Ellis од САД, Charu Malhotra од Англија со искуство од Unilever и Ferrero, Claudia Tattanelli, која многу години била Генерален извршен директор на Universum за САД и Азија, Тина Милиќ од Atlantic Grupa како добитник на Best employer brand manager во 2020 година и Faye Woodhead, како повеќегодишен раководител на employer branding во Deutsche Bank. Ова, исто така, е можност за поврзување со регионални професионалци во оваа област и сите учесници на конференцијата можат да присуствуваат на церемонијата на доделување на наградите, којашто ќе се одржи истата вечер.

Пријавувањето е отворено, а прогласувањето на победниците ќе се одржи во декември

Освен Grand Prix награди за секоја земја, ќе се доделат и 20 People’s Voice Award награди на најдобрите компании во регионот. Наградите се поделени според видот на кампањата/активноста, големината на компанијата и секторот или деловната индустрија. Исто така, ќе се доделат награди за најдобар тим на регионален employer brand и менаџер на employer brand. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани од меѓународно жири кое се состои од ценети стручњаци, консултанти и професори од областа на човечки ресурси и стратешко управување со employer brand од компании од целиот регион.

Пријавувањето е отворено од денес до 1 октомври 2021 година. Компаниите може да испратат пријави за повеќе employer brand проекти и активности во различни категории, со што се зголемува можноста за освојување на Grand Prix наградата.

Проектот е организиран од водечката регионална платформа за онлајн тестирање CareerCentar, медиумскиот портал TalentBrief, а медиумски спонзори ќе бидат NovaTV и порталот Dnevnik.hr.

Прогласувањето на победниците на првата регионални награди „Best Employer Brand Awards Adria 2021“ ќе се одржи на свечената завршна церемонија на 3 декември 2021 година. Повеќе информации може да се најдат на официјалната веб-страница.

Kонтакт за ПР: Jelena Mucić, [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП