19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Latitude за 2014-та година

Renault Latitude за 2014-та година

latitude

По три години од претставувањето на моделот „Latitude“, „Renault“ ја освежи својата луксузна лимузина.

Првите фотографии кои се појавија на интернет откриваат дека дизајнерите интервенирале на предниот дел од автомобилот, каде е променета маската на ладилникот. Таа сега е подискретна, со помали димензии и со помалку хромирани детали.

Редизајнот го вклучи и предниот браник и фаровите каде беа интегрирани „LED“ светла. На задниот дел од автомобилот промените се минимални и се однесуваат на графиката на стоп светлата.

latitude1

„Renault“ се уште не објави официјално соопштение, но се очекува дека „Latitiude“ ќе добие вообичаени унапредувања кога станува збор за „facelift“ третманот, како нов дизајн на алуминиумски фелни или подобрена содржина и нови колорни шеми.

Што се однесува до моторизацијата и натаму би требало да бидат достапни 2.0 литарски dCi со 150 и 175 ks, како и 3.0 литарски V6 dCi кој произведува 240 ks.

Се очекува дека новиот „Latitude“ би можел своја премиера да има веќе во Франкфурт во септември. Францускиот производител досега немаше премногу успех со овој модел со што е продолжи со релативно неуспешните автомобили на „Renault“ во класата на големи лимузини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП