2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМасичка чувствителна на допир!

Масичка чувствителна на допир!

tablet masa

Мораме да признаеме дека очекувавме вакво нешто во ваква форма. Знаевме дека „Apple“ нема да го направи, па се двоумевме околу „Android“,  но со подемот на „Windows 8“ уредите ова беше повеќе од предвидено.

Масичката која воедно е и голем 32 инчен „touchscreen“ таблет на кој се наоѓа „Windowѕ 8“, би можела да стане популарна меѓу луѓето кои имаат повеќе пари и желба за технологија. Го краси екран со резулуција 1366*768, i5 3.2 GHz процесор, 6 GB меморија, 500 GB hard disk, Wi-Fi и Bluetooth. Тука уште се наоѓа и 1 GB HD графичка картичка и бежична тастатура и глувче.

Покрај тоа што очигледно станува збор за компјутер, масичката е и масичка. Така да може да поднесе книги, садови, далечински уреди и слични апарати, а тестирана е и со 13 галони, тоа е нешто помалку од 50 литри вода во период од 5 минути. Што значи дека е многу едноставна да се користи секој ден без страв дека од употребата ќе се уништи.

Ако ве привлече мултифункционалноста на оваа масичка треба да знаете дека во продавниците ќе се појави околу Божиќ, а доколку ја порачате сега нејзината цена изнесува 7.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП