20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ"Сајбертрак" на Тесла сè уште не е во продажба, а веќе доби...

“Сајбертрак” на Тесла сè уште не е во продажба, а веќе доби скап додаток(ФОТО)

Сè уште не е на продажба, но Илона Маск на Сајбертрак додаде уште еден додаток, подготвен за моментот кога конечно ќе се најде на патот.

Канадско-американската компанија за прилагодување автомобили “Локи Бејскамп” штотуку објави нова палета на прилагодени додатоци за кампери наречена “Cybertruck Edition”. Додатокот совршено се вклопува во аголниот, привлечен стил на Сајбертрак. Камионетот се претвора во ултимативно возило за заминување било каде.

Единицата е специјално дизајнирана за аголен кревет. Има кровен носач, надворешни фиоки, соларен електричен систем и можност за користење како независно засолниште.

Има исклучително голема врата за пространиот ентериер која се состои од специјална ниша за спиење, кујна, мијалник со рингла, тоалет, софа која може да се претвори во друг кревет…

Исто така, има систем за контрола на температурата на воздухот, разни приклучоци и паметен систем за управување со енергијата.

Од Локи велат дека единицата ќе започне со цена од 135.000 долари. Самиот Сајбертрак треба да биде претставен во салоните во 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП