16 април, 2024
ПочетнаКОРОНАВеќе е официјално: Европа воведува дигитални ковид пасоши

Веќе е официјално: Европа воведува дигитални ковид пасоши

Европскиот парламент донесе одлука за дигитални COVID сертификати што ќе го олеснат патувањето во рамките на Европската унија, почнувајќи од 1 јули оваа година.

„Земјите-членки на ЕУ се охрабруваат да се воздржат од воведување дополнителни ограничувања, освен ако не се строго потребни и пропорционални, а охрабрувачки е што некои веќе го издаваат овој сертификат“, рече Хуан Фернандо Лопез Агилар, претседател на Комитетот за граѓанска слобода и известувач.

Како што беше најавено, сертификатот ќе го издаваат националните служби и тој ќе биде бесплатен. Ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код. Оваа потврда ќе покаже дека лицето е вакцинирано, има негативен резултат или се опоравило од Ковид-19.

Исто така се додава дека сертификатот нема да биде предуслов за слободно движење, па затоа нема да се смета за патна исправа.

„Заедничката рамка на ЕУ ќе обезбеди интероперабилност и проверливост на сертификатите низ ЕУ, со што ќе се спречи нивното фалсификување и измама“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Нема дополнителни ограничувања

Во соопштението од Европскиот парламент се нагласува дека за време на разговорите меѓу институциите било договорено земјите-членки да не можат да воведат дополнителни ограничувања за патување на оние кои имаат сертификат, како што се карантин, самоизолација или тестирање“, освен ако не се пропорционални и неопходни за заштита на јавното здравје“.

Сите земји-членки на ЕУ ќе мора да прифатат сертификати од други земји-членки за вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Досега, вакцините од Pfizer / Biontech, Moderna, AstraZeneca и Johnon & Johnson се одобрени за територијата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП