23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХотам: Ваучерите за одмор нема многу да помогнат за раздвижување на сезоната

Хотам: Ваучерите за одмор нема многу да помогнат за раздвижување на сезоната

Над 1.200 граѓани со ниски примања ќе добијат ваучер за годишен одмор

Граѓаните со ниски месечни примања кои не надминуваат износ од 30 илјади денари веќе можат да аплицираат за ваучер за годишен одмор. Ваучерите се со вредност од 12 илјади денари и истите може да се користат во категоризирани угостителски објекти за сместување, лоцирани во туристичките центри кои се регистрирани во министерството за економија.

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата“, велат од Министерството за економија.

За реализација на оваа мерка предвидени се околу 15 милиони денари, што значи дека ваучер ќе има за 1.250 граѓани. Според надлежните, мерката има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи да го искористат правото за годишен одмор. Паралелно ќе се поддржат хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети, а со тоа ќе се помгне и за развој на домашниот туризам.

Сепак од Хотам сметаат дека бројката на ваучери не е доволна за да помогне за развој на туризмот. Се надеваат дека до крајот на сезоната ќе има уште една ваква мерка.

“1250 ваучери за одмор се малку и нема многу да помогнат за раздвижување на работата. Се надеваме дека до крајот на летната сезона кога ќе зварши реализацијата на овие ваучери ќе има нови, за да би имале поголем ефект”, вели Крсте Блажевски од Хотам.

Во меѓувреме тече реализацијата на туристичките ваучери кои граѓаните не успеаа да ги искористат лани поради пандемијата. Од агенциите велат дека интересот полека се зголемува, граѓаните полека одлучуваат да патуваат.

“Интересот постепено се зголемува, но има и такви патници кои сеуште не се подготвени да патуваат, па затоа имаат можност да ги искористат средствата во иднина или пак да ги пренасочат парите кај своите роднини  или пријатели. Очекуваме до крајот на летото 60 до 70 проценти од овие ваучери да бидат реализирани. Она што е сигурно е дека нема да се дозволи ниту еден ваучер да пропадне, односно ќе се потрудиме максимално да им излеземе во пресрет на сите за да нема оштетена страна”, вели Силвана Јовановска, туристички работник.

Во моментов граѓаните слободно можат да патуваат на одмор во Црна Гора, Албанија. Грција од скоро ја отвори границата за македонските граѓани. Влез во земјата е дозволен со негативен  ПСР  тест , со сертификат за примени две дози на вакцина, а има најава дека ќе може да се оди и со тест за антитела. Слични услови за влез имаат  и Турција и Бугарија.

Инаку ваучерите за туризам ќе се доделуваат по принципот прв дојден, прв услужен. Аплицирањето е до 30 јуни, а ваучерот може да се искористи до крајот на ноември оваа годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП