20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗначителен раст на акциите на „Virgin Galactic“

Значителен раст на акциите на „Virgin Galactic“

Иако патувањето во вселената, како што е наведено во една научнофантастична популарна серија, е последната граница, сега станува реалност благодарение на „Virgin Galactic“.

Компанијата е основана од милијардерот Ричард Брансон со цел да се развие и понуди можност за вселенски туризам на оние кои се доволно храбри и богати за да можат да си го дозволат тоа. Билетот ќе чини околу 250.000 долари за 90-минутен лет чија брзина е три пати поголема од брзината на звукот.

На 22-ри мај беше лансиран ракетен авион „Spaceship 2“ со двајца членови на екипажот, кој успешно се движеше во орбитата над земјата и потоа слета без никакви проблеми. Инвеститорите кои имаат визии за иднината, а кои не се осмелуваат да ризикуваат, се многу заинтересирани за можностите и перспективите на оваа компанија. Само во текот на изминатата недела, акциите се зголемија за скоро 50%, наспроти 84% во минатата година.

Компанијата очекува да оствари приход од една милијарда долари годишно, а се планираат комерцијални летови за почетокот на 2022-ра година. Одобрување се очекуваат и од регулаторната агенција на САД задолжена за цивилен воздушен сообраќај.

Околу 600 луѓе веќе резервирале билет, додека илјадници се на списокот на чекање.

Во меѓувреме, извршниот директор Мајкл Колглазиер објави дека, по успешниот тест лет, ова лето ќе ги изврши следните два пробни лета со полн персонал. Основачот на компанијата, Ричард Бренсон, ќе биде дел од екипажот на еден од следните летови, а тоа сигурно ќе привлече уште поголем интерес од инвеститорите и вниманието на светската јавност.

Аналитичарите велат дека небото не е граница за оваа компанија, која тврди дека ќе се потруди цената на билетот за вселенски лет да биде прифатлива за побогатите луѓе, така што обичните луѓе еден ден можат да патуваат во орбитата. Додека тоа не се случи, мора да почекаме и да видиме дали „Virgin Galactic“ ќе може да го однесе човештвото на место каде, освен неколку астронаути, никој не стигнал порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП