„Citroen“ во Кина ја лансираше „DS“ линијата, а следно во план е проширување на понудите на овој бренд.
Според последните информации „Citroen“ го финишира „Crossover DSX“, кој ќе се појави отприлика за година дена.
Најавениот теренец цели кон високо, со оглед на тоа што негова конкуренција ќе бидат „Audi Q5“, „BMW“, „X3“ и „Mercedes GLK“.
Постојат информации дека „DSX“ ќе биде хибрид како „DS5“ моделите, но за неговото движење ќе се грижи првиот бензинско-електричен погонски склоп на оваа групација.