26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Bosch“ отвора фабрика за чипови во Германија вредна 1 милијарда евра

„Bosch“ отвора фабрика за чипови во Германија вредна 1 милијарда евра

Германската компанија „Robert Bosch“ отвори фабрика за чипови во Германија вредна 1 милијарда евра со фокус на електричната мобилност и автономните возила, пренесува „Automotive News Europe“.

Фабриката, сместена во производствениот центар на добавувачот во близина на Дрезден, беше пуштена во употреба во време на сериозните ограничувања во снабдувањето за производителите на автомобили и ќе му помогне на „Bosch“ да ги опслужува овие компании директно и помалку да се потпира на трети производители.

„Секој чип што го правиме тука во Дрезден го ограничува недостигот со еден чип. Тоа помага“, изјави Харалд Крогер, член на управниот одбор на „Robert Bosch“.

Сепак, производствениот капацитет нема да може да ја избрише полупроводничката криза што ја замагли автомобилската индустрија во последните месеци.

„Фабриката може да помогне во одредена мерка да ги изолира „Bosch“ и клучните клиенти“, рече Асиф Анвар од „Strategy Analytics“. „Но, тешко дека ќе служи за пополнување на празнината создадена од сегашниот недостиг“, додаде аналитичарот.

Фабриката на „Bosch“, која доби 200 милиони евра државна помош според инвестициската шема на Европската унија (ЕУ), ќе започне со производство на чипови во јули.

Германската канцеларка Ангела Меркел и Маргарет Вестагер, потпретседател на Европската комисија (ЕК), учествуваа на виртуелна церемонија на отворање.

„Најсовремената технологија во новата фабрика за полупроводници на „Bosch“ во Дрезден покажува какви исклучителни резултати може да се постигнат кога индустријата и владата ќе ги здружат силите“, вели Вестагер.

Според Крогер, „Bosch“ го поддржува поголемиот стратешки притисок на Брисел да ја оживее европската индустрија на полупроводници – неговиот последен план, кој неодамна беше презентиран, има за цел да го удвои уделот на регионот во глобалното производство на чипови за 20% до 2030-та година.

„Automotive News Europe“ го рангира „Bosch“ на прво место меѓу добавувачите за автомобили на глобално ниво, со приходите од продажба на компанијата за 2019-та година од 46,56 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП